Алберто Томба го расплака бразилскиот олимписки првак по телефон

Бразил испиша нова спортска историја. Го слави првиот олимписки медал, воедно и прв за Јужна Америка, а за тоа е заслужен Лукас Пињеро Братен. Честитки на телефон доби од легендарниот Алберто Томба. Италијанецот му се обрати на англиски, а овој пукаше од возбуда и му се заблагодаруваше на италијански.

Foto: EPA

Лукас Пињеиро Братен стана првиот јужноамерикански скијач со медал на Зимски олимписки игри, откако победи на велеслаломската трка во Бормио. 

Скијачот кој се скара со норвешката федерација и потоа продолжи да се натпреварува како Бразилец сега го има успехот на кариерата. 

Го закачи златото на градите откако изведе перфектна трка и го победи Марко Одермат со предност од 0,58 секунди, кој го бранеше првото место од Пекинг. Бронзата ја освои Лоик Меиљард

Пињеиро Бротен е роден во Осло, по татко е Норвежанец, а по мајка Бразилец. Има 12 медали за Норвешка, а потоа изненади со одлуката да се повлече од скијање на само 23 години.

По една година пауза му се врати на скијањето, овој пат под знамето на Бразил и одржа час по скијање на патеката „Стелвио“, по кој му се јави легендарниот Алберто Томба.

„Јас сум личност со две култури. Секогаш кај мене се претставени две перспективи. Никогаш не сум живеел живот каде што сум претставен само на една реалност, една култура или еден начин на живот. Мислам дека тоа ме обликувало да станам тоа што сум денес“.

„Не сум во можност дури ни да ја сфатам реалноста, додека стојам тука во моментов. Само се обидувам да добијам некаков вид емоција тука и да ја преведам во зборови, иако тоа е апсолутно невозможно. Се надевам дека ќе можам да инспирирам деца. И покрај тоа што носат, како изгледаат, од каде доаѓаат, можат да ги следат своите соништа и да бидат тоа што навистина се“, изјави Лукас.

Ова е прв медал за Јужна Америка на Зимски олимписки игри.

16 февруари 2026 - 12:21