На патеката од 10 км, Ана Цветановска заврши на 105-та позиција од вкупно 111 пријавени натпреварувачки во крос-кантри, меѓу кои три не ја завршија трката.
Трката ја заврши со време 31 минута, 32 секунди и 4 стотинки, што е напредок од минатите игри во Пекинг за повеќе од 3 минути.
Нејзиниот резултат е за 8,43 минути со послабо време од Фрида Карлсон од Шведска која го освои златниот медал. Среброто исто така заврши кај шведска претставничка, а тоа е Еба Андерсон, а бронзата и припадна на Американката Џеси Дигинс.
Утре во истата оваа дисциплина на 10 км во машка конкуренција ќе настапи нашиот претставник Ставре Јада, кој веќе имаше една трка.