Шамони, Франција е местото каде што се удрени темелите на Зимските олимписки огри во 1924-та, периодот 25 јануари - 5 февруари. Се одржале во рамките на летните, кои истата година се одржале во Париз.
Во 1925 година била донесена одлука од страна на МОК, секои 4 години и во иста година со летните, да се одржуваат и Зимски олимписки игри. Оваа традиција траела до 1992 година.
Натпреварите се одржувале во близина на Шамони, а организатор бил Францускиот олимписки комитет. Меѓународниот олимписки комитет, подоцна ги нарекол први олимписки игри.
На сцена се појавиле 258 спортисти од 16 држави кои се натпреварувале во боб, карлинг, хокеј, уметничко лизгање, брзо лизгање, нордиско скијање, воена патрола, крос кантри, нордиска комбинација и скијачки скокови.
Најуспешни се покажале Норвежаните со вкупно 17 медали, Финска завршила втора со 11.
На церемонијатана на свеченото затворање, била доделена награда за спорт, кој не бил дел од игрите.
Имено, Пјер де Кубертен му доделил награда за алпинизам на Шарл Гранвил Брус, кој предводел експедиција, која не успеала да се искачи на Монт Еверест во 1922 година.