Рускиот спорт доби жесток нокаут од ВАДА - Светската антидопинг агенција, а поради „негувањето“ допинг лабораторија низ која поминале неколку спортисти.
Покрај Олимпискиот тим кој во следните 4 години никаде нема да може да се појави со руско знаме, ниту пак да му се интонира руска химна, од оваа одлука на ВАДА настрада и фудбалската репрезентација на Русија која во случај да се пласира на Светското првенство 2022 во Катар, таму нема да може да игра под своето знаме, ниту во свои дресови и нема да слушаат своја химна.
Од друга страна, Русите спасија што може да се спаси, па не е загрозен нивниот настап на Европското 2020 година на кое обезбедија учество преку штотуку завршените квалификациите. Не е загрозено ни домаќинството на Санкт Петербург на неколку натпревари од ЕВРО2020.
ГИ СПАСИ ТОА ШТО УЕФА НЕ ГИ ИЗВРШУВА КАЗНИТЕ НА ВАДА
Фудбалска Русија куртули од уште потежок бан, затоа што Европското првенство 2020 го организира УЕФА а не ФИФА. Формално УЕФА не го потпиша Светскиот антидопинг кодекс. Него го потпиша ФИФА, но УЕФА иако е дел од од ФИФА, не е обврзана и не е должна автоматски да ги извршува одлуките на ВАДА (WADA).
Според ова, Русија ќе ги сочува правата за органзиација на натпревари од Европското во Санкт Петербург, како и домаќинство за натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа.
„Европското првенство не е мултиспортски настан или светско првенство, туку е регионален/континентален турнир во еден вид на спорт. Затоа препораките на комитетот не ја опфаќаат и УЕФА која што како аналоген регионален раководен орган, не е потчинет под кодексот на Светската антидопинг агенција“, стои во формулацијата по одлуката на ВАДА.
Спортскиот адвокат Михаил Прокопец вели:
„ФИФА го потпиша кодексот на WADA и е должна да ги извршува одлуките и казните, па така должна е да ја отстрани Русија од Светското 2022, како и од квалификациите. ФИФА нема да ја игнорира казната, освен ако не сака да биде исклучена од системот на WADA.
ПОД КОЕ ЗНАМЕ И ПОД КОЈА ХИМНА ЌЕ НАСТАПУВА РУСИЈА?
Како и на Зимските Олимписки Игри во Пјонгјанг 2018, кога руската селекција настапуваше под неутралното знаме на Олимпискиот комитет и се интонираше химната на ОК, така и сега Русите ќе мора да ја следат истата процедура.
„За фудбалерите на Русија останува истата варијанта - нетурално знаме, неутрална опрема и без интонирање на руската химна“.