Како конкретни последици наведени се срцеви заболувања, дијабетес, дебелина и лошо функционирање на мозокот, а сето ова ќе биде предизвикано заради тоа што лошиот сон ја променил активноста на стотици ваши гени.
Во анализата испитаниците цела недела спиеле по 10 часа на вечер, а потоа една недела спиеле помалку од 6 часа на вечер. Споредбата на резултатите од двете недели покажала промена кај над 700 гени.
"Сонот е критичен за обновувањето на организмот и за одржување на функционална состојба. Ако не можеме да ги дополниме и замениме новите клетки, тогаш тоа ќе доведе до дегеративни болести," објаснува професорот Колин Смит од Универзитеот во Суреј.