Навивачите на Лејкерс имаат нов MVP. Еден седокос џентлмен кој стана најнеобичниот новајлија во сезоната 2017/2018 во НБА.
Андре Инграм има 32 години. Во 2007. година завршил на филолошки факултет на Американски универзитет а едно време држел и приватни часови по математика. Инграм цел живот имал голема желба да заигра во НБА.
Се разочарал кога не го избрале на драфтот во 2007-ма и се пријавил за драфтот во D-лигата со надеж дека ќе остане во системот и дека порано или подоцна некој ќе го земе.
D-лигата во меѓувреме го смени името. Неговата екипа Јута Флеш го завршила учеството во лигата па Инграм пропуштил неколку сезони. Но во 2012-та година и се вратил на кошарката и играл за филијалата на Лејкерс, „Лејкерс од Јужниот залив“.
Инграм одиграл 384 меча (втор рекордер по бројот на настапи во историјата на D-лигата) и може да се пофали дека имал најдобар процент во шут за три поени (46,1%) во целата лига.
Прецизноста му донела лесен триумф на натпреварот во тројки во D-лигата во 2016-та:
Оваа лига е позната по мизерните услови: лоши хотели, чести долги летови и патувања, тесни сали и мали плати. Ова првенство го гледаат луѓе кои имаат повеќе слободно време или поседуваат желба да станат скаути во НБА или Евролигата.
Тренерите и другарите го убедувале Инграм да се проба на некое друго место. Некаде во Европа сигурно би заработувал повеќе, но тој верувал дека преку игрите во D-лигата може да им западне во око на луѓето од НБА. Но никој не го ни видел, ни викнал.
Тогаш Инграм решил да ја напушти лигата и во 2016-та потпишал договор со австралискиот клуб Пер и дебитирал во тамошната лига. Но после неколку недели се вратил во Америка. Им кажал на работодавците дека престојот далеку од САД му е психолошки тежок и не може да се справи со тоа.
И така на 32 години Инграм кој одамна веќе не бил играч ниту за G-лигата (таа сезона во Австралија имал 9,1 поен во просек), добил повик за проба во Лејкерс! Од нигде никаде.
„Многу луѓе уште одамна би кренале раце а тој продолжи да се обидува уште неколку години. Во помалите лиги заработуваш помалку, таму играш во мали градови и постојано чекаш луѓето да приметат дека си добар. За да поминеш низ сето тоа треба да си психолошки јак. Тоа покажува колку Инграм бил сигурен во себе и колку ја сака играта. Ние направивме одлична работа. Го повикавме зошто сметавме дека може да ни помогне. Имаме многу повредени играчи а тој умее да погоди. Му покажавме на светот дека тој е снајпер“, рекол тренерот на Лејкерс Лук Волтон.
You stay on the grind and at the end of your 10th year, you finally get the call.
— Los Angeles Lakers (@Lakers) April 10, 2018
Andre Ingram never stopped persevering and now his @NBA dream is a reality. #ThisIsWhyWePlay #LakeShow pic.twitter.com/1SZhc5SW7k
Сонот на Инграм се оствари во самиот финиш од сезоната кога заигра за Лејкерс на мечот против Хјустон. При влегувањето во игра во „Стејплс Центар“ помуабети со суперѕвездата Крис Пол: „Му кажав дека слушнав за неговата приказна и дека подвигот е неверојатен“, изјавил Пол по мечот за 32-годишниот Инграм кој цел живот играл по развојни лиги.
#GLeagueAlum Andre Ingram checks in for his first NBA action and gets some love from CP3! @nbagleague #ThisIsWhyWePlay #LakeShow pic.twitter.com/xcXRZ0O4ml
— NBA (@NBA) April 11, 2018
Инграм играше како во транс, салата му скандираше MVP, MVP, а тој не промаши шут до четвртата четвртина (почна со 3 од 3 за два и за 7 минути игра имаше 11 поени).
Andre Ingram still has not missed a shot... 😱
— NBA on TNT (@NBAonTNT) April 11, 2018
He has 14 PTS (4-4 FGM, 3-3 3PM) pic.twitter.com/NrvzraoN1o
Кевин Харлан го нарече „Машината“ а клупата на Лејкерс падна во еуфорија по неговите тројки:
Andre Ingram hits AGAIN & the @Lakers bench loves it! 👌 pic.twitter.com/9C2ZFZ87gr
— NBA on TNT (@NBAonTNT) April 11, 2018
Цела сала грмеше MVP, MVP!
Главниот лик на најубавата бајка сезонава во НБА го заврши својот прв меч во најдобрата лига на светот со 19 поени (6 од 9 од игра) и стана највозрасниот кошаркар што постигнал минимум 15 поени во дебитантски меч уште од сезоната 1963/1964. Меѓу првите кои му честитале за неговата упорност која се исплатеше беа Коби Брајант, Џереми Лин, Ајзеа Томас, Џејмс Харден...
Andre Ingram!! 10 years in the DLeague, gets a call-up, 11 points in first 6 min in the NBA! Anyone whose chased their hoop dreams can appreciate this...too good
— Jeremy Lin (@JLin7) April 11, 2018
Договорот на Инграм со Лејкерс важел за последните два меча од сезоната. Тој потпишал како слободен играч. За тоа време заработил 13.800 долари односно две третини од својата годишна плата во развојната D-лига (таму за една година земал 19.500 долари).
ЗОШТО БАШ ВО ЛЕЈКЕРС?
Прво, клубот од Калифорнија продолжува да прави шоу и да ги забавува гледачите на трибините откако изгубија надеж дека ќе влезат во плејофот.
Историјата на 32-годишниот Инграм е добра основа за филм поради тоа што неговата приказна може да биде дел од шоуто Pimp My Ride во кое од стари крш коли прават ѕверови за асфалт.
Лејкерс во последните години не игра значајна улога во НБА, обично е при дното од табелата па сакале да го задржат имиџот меѓу публиката. Со овој потег и ангажманот на ветеранот тие ќе привлечат големо внимание на играчите и менаџерите полека ќе го вратат статусот на Лејкерс како голема франшиза кон која сите се стремат.
As @TurnerSportsEJ would say, this story is "good for the soul."
— NBA on TNT (@NBAonTNT) April 11, 2018
The #InsideTheNBA crew catches up with 32-year-old Andre Ingram after his @Lakers debut! pic.twitter.com/XfmZDLWvUg