Текст кој зборува за помалку, а не за повеќе спиење, веројатно би требало да почне со дисклејмер: не го правете ова дома. Или освен не ако не сте - Салвадор Дали.
Славниот надреалист имал необичен пристап кон спиењето и дремките. Ќе седнел во фотеља со клуч во спуштена рака, а на земјата ставал метален сад. Ќе си дозволел да го фати сон, но штом телото ќе почнело да се опушта, клучот се лизнувал од прстите и удирал во садот. Она „цанг!“ веднаш го будело.
Дали сметал дека оваа техника овозможувала умот и телото да се одморат доволно за да може да се продолжи понатаму со работа. Можеби интуитивно ги погодил нештата, бидејќи се вели дека доколку човек се разбуди во текот на втората од четирите фази на сонот, тогаш ќе се чувствува одморен. Но не и ако се разбуди во текот на другите три.
Сепак, идејата дека сонот е „непродуктивен“ дел од животот е опасна, бидејќи нарушувањето на ритамот на спиење и несоницата може да има тешки физички и ментални последици. Освен тоа, соништата се еден вид филтер на насобраниот психолошки материјал во текот на денот кој на овој начин се исфрла од потсвеста. Затоа, клучевите подобро нека си останат во џебот.