Во интервју за државен весник, портпаролот Џорџ Чарамба рече дека доживува личен неуспех кога медиумите ќе извадат приказна дека Роберт Мугабе пак заспал на некој состанок.
„На 93 години сосема е разбирливо човек да има проблеми со очите. Кај нашиот претседател тоа е силната светлина. Ако добронамерно ја погледнете неговата поза, со главата надолу, ќе сфатите дека тој всушност ја избегнува светлината“, рече Чарамба обидувајќи се да им стави крај на муабетите.
Добро ако е така, само што испаѓа дека некогаш светлината му доаѓа оздола, негде од меѓу нозе:
Тој фрли и дополнителна светлина на случајот објаснувајќи дека Мугабе го има овој проблем уште од каменоломот во кој работел како затвореник на млади години, кога отсјајот на сончевата светлина од каменот трајно му предизвикал тн. снежно слепило.
А на Мугабе ни на сон не му паѓа да се откаже од власта која ја држи 37 години. На политичката сцена се појави како прославен борец за слобода за во текот на годините да стане фиксна точка на системот, автократ со силна поддршка од народот кој често знае да им одигра контра на меѓународните фактори кои имаат поинаква визија за Зимбабве.
Домашните политички опоненти чии перспективни кариери долговечноста на Мугабе ги претвори во кошмар се надевааат дека човекот од дремка сепак оди накај вечен сон, за што надеж им даваат неговите сè почести заминувања во Сингапур, наводно заради третман на рак на простата.
Најблиското опкружување на претседателот се труди да го задржи официјалниот став дека Мугабе е во полна работна кондиција со голема доза лојалност: кога пред две години претседателот падна и се ничкоса пред бројна публика, овие едногласно тврдеа дека тој воопшто не паднал и дека е тоа плод на непријателските медиуми.
Мемињата мислеа поинаку: