Храна и сон

Како храната влијае на вашите соништа

Проблемот со врската меѓу двете работи е што не е корпоративно очигледна за да може да се сведе на ексел во кој што знаеш дека ако изедеш А, ќе сонуваш Б. Ама има врска, барем според научниците.

Активен и гладен
Научниците го следат искористувањето на гликоза за време на спиењето како индикатор за активноста на мозокот и по таа основа знаат дека мозокот троши енергија додека спиеме. Некои научници тврдат и дека многу повеќе трошиме додека спиеме, отколку кога сме будни.

Путер од кикирики и џем
Заради активноста, професорот по психологија и неврологија од Охајо Стејт Универзитетот, Гери Венк, препорачува луѓето да јадат сендвич со путер од кикирики и џем пред да си легнат: "лебот и џемот се одличен извор на јагленхидрати, кои обично се ужасни, ама се одлични за спиење."

Теоријата е дека не само што ќе снабдуваш енергија (шеќер) до мозокот кој е активен, туку ќе обезбедиш и дополнително количество серотонин - хормонот за 'смирување' - кој ќе помогне да се воведе ред во сонот.

Венк предупредува и дека "ако си легнеш гладен, со ниско ниво на шеќер во крвта, веројатно нема да можеш да имаш нормален шаблон за спиење." Како пример за ова тој го дава случајот со луѓето што страдаат од дијабетес, кои додека се на инсулин редовно имаат ноќна хипогликемија (вонредно ниско ниво на гликоза во крвта).

Алкохол пред спиење
Тоа што алкохолот ќе ве обори не значи и дека добро ќе спиете. Венг објаснува дека алкохолот го спречува мозокот да влезе во РЕМ фаза, со тоа што спречува клучни амино киселини, задолжителни елементи на РЕМ сонот, да ја завршат својата работа.

Месо и спиење
До сега е утврдено дека луѓето најквалитетно спијат во свежа (ладникава) средина, меѓу 15 и 20 степени. Топлината му пречи на спиењето и може да предизвика лоши соништа. Во оваа равенка околу топлината се вклучува и јадењето пред спиење.

"Јадењето тешки оброци пред легнување значи дека варењето ќе се случува во истиот период кога вашето тело се обидува да се излади и да се одмори, што претставува потенцијал за кошмари. Главен виновник тука е обемна вечера со месо (скара, бифтек...) или сирења."

Чоколадо и зачини
"Чоколадото содржи лепеза од состојки кои придонесуваат кон создавање на чувството на задоволство. Најголем дел од овие состојки се доста психоактивни ако ни влезат во мозок. Плодовите на какаото содржат комплексна мешавина на хемикалии кои одделно, сами по сама не влијаат на нашиот мозок. Меѓутоа ако ги собереш на куп тие може да ослободат заедничко соединение низ телото, кое може да има и неколку помалку посакувани ефекти," се објаснува во една неодамнешна дискусија на Психолоџи Тудеј.

Храна и сонови
Во основа заклучокот е дека нема некој формула која може да ти каже како ќе влијае нешто на твојот сон. Туку се' зависи од твојата лична историја со конкретната храна. "Ако цел живот јадеш зачинети оброци, и исто го направиш и пред легнување, помалку е веројатно дека ќе имаш живи соништа како резултат на ова."

"Твојот мозок и црниот дроб ќе компензираат што постојано ги гледаат истите молекули, со тоа што ќе произведуваат повеќе ензими за да ги метаболизираат истите," порачува Венк.

17 септември 2014 - 17:17