Ракометарите на Вардар го забележаа третиот пораз во Лигата на шампионите, овојпат од Висла Плок со 26-32. Тешко им одеше на вардарци против гранитната одбрана на полскиот тим која на крајот ја направи разликата. Но, она што го добија од трибините е непроценливо. Гласно бодрење има пред, за време и по завршувањето на мечот.