Вардарова лекција среде Франција

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Во дуелот на поранешните европски шампиони, македонскиот првак одигра одличен натпревар и заслужено се радуваше на големиот триумф од 27:33, еден месец после поразот во Скопје.

Иако овој меч нема никакво резултатско значење, сепак Вардарци одиграа за својата чест и ја забележаа првата победа сезонава во ЛШ, по што се селат во Лигата на Европа.

Избраниците на Чупиќ играа мотивирано и доминантно и водеа скоро на цел натпревар. Во еден момент имаа и максимални 10 гола предност.

Ноќ за паметење имаше Валах кој блесна со 17 интервенции, а најефикасен кај Вардарци беше Љевар со 7 гола.

Јака Малус даде 6 гола, а Урош Митровиќ 5. Кај Нант, по четири гола имаа Ихор Турченко и Лука Периќ.

21 октомври 2026 - 22:25