Комити и Чкембари знаат да ја оплескаат, како вчера во Јане Сандански на пример, ама знаат на моменти и да заборават на големото долгогодишно ривалство.
Покрај стандардното пецкање преку транспаренти на двете страни, Битолчани во еден извадија парола со натпис „Почивајте во мир Дарко Смок и Никола Риба“.
Се работи за прерано загинати момци од навивачката група Комити. Цела сала им аплаудираше за потегот. Сличен гест направиле и Комитите кои скандирале за загинат член на Чкембари.
Инаку МВР соопшти дека синоќа биле приведени 18 навивачи, веројатно навивачи на Еурофарм Пелистер.
Комити направија потег кој ретко се гледа меѓу толку големи ривали. Им доставиле храна и вода во полициската станува, а потоа им организирале превоз до Битола.
Сличен гест направија и лани кога член на Чкембари со кола го вратија до Битола.