Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое го добија гостите, заврши со инциденти и апсења, а еден од гостинските навивачи не успеал да го фати автобусот за дома бидејќи бил задржан во станица.
На тоа ривалство кое постои, четворица навивачи на Вардар во доцните часови го качиле во кола и го вратиле во Битола. Гест за почит, потврден и од двете навивачки групи.
Комити не ја заборавија помошта која ја добија во Битола пред осум години, кога се случи страшниот инцидент со Турчин и сега ја искористија оваа прилика да им вратат.