Битола е во транс, шампионите пречекани на Широк сокак
По пауза од 18 години, Еурофарм Пелистер и официјално е ракометен шампион на Македонија. Славеа 28:25 на гости против Охрид, а Вардарци неочекувано кикснаа против Тиквеш во Кавадарци 32:32. Тоа значи дека битолчани по завршувањето на претпоследното коло и математички ја обезбедија титулата, која им носи директен пласман во ЛШ. Во Битола синоќа имаше големо славје. Навивачите ги пречекаа ракометарите кои пристигнаа пред полноќ.