И покрај големата фаворитска улога на полскиот гигант, Еурофарм Пелистер загуби достојно со 21:24.
На средина од првиот дел Карачиќ постигна два јаки гола од кои едниот страшен проектил, а потоа и во двата наврати ја замолчуваше домашната публика.
Судиите вториот пат не го толерираа и го исклучија на 2 минути, а битолчани жестоко го свиреа.
Револтот од провокациите, Чкембари го истурија и на социјалните мрежи, а ја спомнаа и неговата сопруга која е Македонка.
Хрватскиот среден бек по мечот призна дека тоа не било фер од негова страна, но рече и дека бил навредуван.
„Немам ништо против навивачите на Еурофарм Пелистер. На стартот на мечот доживеав навреди кон мене, па сакав во одредена мера да им возвратам, да им покажам да се смират, испадна така како што испадна, тоа не беше фер ниту коректно од моја страна. Јас сум таков играч, ме мотивираше тоа, јас ги познавам навивачите овде, немам ништо против нив, но Комити се Комити и тие ми се во срцето“, изјави Карачиќ за 24ракомет.
Во 7 коло битолчани му гостуваат на Пик Сегед.