По триумфот со Кјелце над Еурофарм Пелистер, Игор Карачиќ од Битола замина за Скопје за да се види со старите другари од Вардар. Провокацијата кон публиката поради која беше исклучен, ја повтори од маса.
Еурофарм Пелистер не може да пркне во силната група од ЛШ и во 6. коло го запиша шестиот пораз. Пречката се викаше Кјелце кој две сезони по ред игра финале. Битолчани се р`чнаа со познат Вардарец.
Само Балканец може да приреди ваква драма. Имаа -5 во прво, -3 на пауза, повторно -5 во втор дел и на крај сепак успеаа да и направат целосен пресврт на една Германија и да се пласираат во полуфинале. Последниот напад за победа на Хрватите го реши екс Вардарцот Игор Карачиќ за конечни 25:24 кој го заврши мечот како прв стрелец со 7 гола.
Сезонава е дел од Кјелце каде реши да бара нови предизвици, но со мислите е во Скопје кај шампионот со кој два пати се искачи на покривот на Европа. Кога на Вардар му е тешко со форма, резултати и повредени играчи, поддршка добива од верната публика во Јане, но и од некој друг.
Во фокусот на колото, ЕХФ го препозна и го издвои моментот кој заслужува да се погледне повеќе од еднаш. Топлото добредојде на Игор Карачиќ во Скопје, кое само Комити и целата публиката во Јане Сандански знаат да го направат да биде посебно.
Вардаровата публика никако не заборава што направи Игор Карачиќ за скопски Вардар. 6 пати македонски, 4 пати регионален, 2 пати европски првак по што се одлучи кариерата да ја продолжи во Кјелце. Тој беше срцето на Црвено - црните.
Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.
Ако истово важи и за капитен Столе, тогаш дефинитивно вториот играч кој ги заслужува овие епитети е токму тој. Игор Карачиќ, човекот кој изгина за овој дрес 7 години во кои освои 17 трофеи. Играчиште.
Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако вечерва беа подобри од Вардар во првата од трите предвидени борби меѓу овие два големи ривали кои ќе се судрат и во четвртфиналето од ЛШ.
Во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ, ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Полска 32:26. Реваншот е во Скопје за седум дена, а Вардар ќе има мошне тешка задача да јa надомести негaтивaтa.