Таг: кјелце

Ракометна утка на векот на еден од најдобрите десни крила во светот

Во фудбал се случува, ама за ракомет ова е нетипично промашување на празен гол и тоа на Аркадиуш Морито од Кјелце, кој ваква шанса со заврзани раце треба да ја реализира. За ужасот да биде поголем, Кјелце како владетел во полскиот ракомет, загуби дома од Висла Плоцк со 28:29 и ова им е замислете прв пораз на домашен терен во првенство по 2011-та или после серија од 189 меча.

Двете голчишта на Карачиќ по кои влезе во клинч со Чкембари

Еурофарм Пелистер не може да пркне во силната група од ЛШ и во 6. коло го запиша шестиот пораз. Пречката се викаше Кјелце кој две сезони по ред игра финале. Битолчани се р`чнаа со познат Вардарец.

Уште еден спектакл на Пољаците, ама во ракометната Лига на шампиони

Конкурсот за гол на сезоната во најелитното клупско европско натпреварување во ракомет се затвора уште во прво коло. Кјелце го совлада Нант со 40:33, а 22 годишниот Дилан Наи постигна спектакуларен и чудесен погодок каков што нема да видите сезонава.

Емотивниот говор на Талант Душебаев по финалето кој заплака пред играчите

Атмосферата во соблекувалната на победниците обично е јасно како изгледа и често имаме можност да ја гледаме, но да видиме како изгледа онаа на поразениот тим, во случајот Кјелце кој ја загуби битката во Келн од Барселона на пенали. Цела сезона труд и пот до даска и на крај пораз во финале само поради еден промашен пенал. Колку тага на едно место.

Драмата на пенали по која Барселона остана на европскиот трон

Откако од сезоната 2009/10 во ЛШ се игра Фајнлфор турнир, Барселона е прва екипа која успеа да ја одбрани титулата. Во овој формат во Келн, имаат 4 титули, Кил 3, а Вардар 2. Алекс Душабаев беше многу опасен и на моменти незадржлив кога ќе се кренеше на шут од игра, но кога финалето се одлучуваше на пенали, само тој не успеа да реализира.

Тоа е што е, нов пораз на Вардар во Лига на шампиони

Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.

Кјелце го освои Јане Сандански, немоќна партија на Вардар

Избраниците на Талант Душебаев ја оправдаа фаворитската улога против тимот каде тешко поминуваа изминативе години во Скопје. Европскиот првак дефинитивно не е на шампионското ниво на кое се навикнавме да го гледаме. 

Важна победа на Вардар над Кјелце, Душебаев исвиркан

Ракометарите на Вардар остварија многу важен триумф над големиот ривал Кјелце со 28-27 (14-11) и со два освоени бода се искачија на второто место и обезбедија место во Топ16 фазата.

Мајсторијата на Тимур Дибиров - втор најубав гол на колото

Вардар го доживеа првиот пораз после 4 победи на 4 натпревари во Лига на шампиони но и во поразот имаше нешто светло - како на пример чудесниот гол на Русинот кој од невозможна позиција му ја протна кроз нозе на голманот на Кјелце.

Циндриќ ги покори своите, Вардар ја изгуби војната во Кјелце

По фантастични четири победи на четири меча, ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во групната фаза од Лига на шампиони: Кјелце - Вардар 31:27 (16:15).

Тинејџер се расплака од радост што фати пенал во ЛШ

Младиот голман на Кјелце, Милош Валач уште не е свесен дали сонува или игра со неговите идоли. На 16 години дебитираше во ЛШ и успеа да му одбрани пенал на Рајн Некар за огромно воодушевување на сите во салата. Гостите поради бојкот кон ЕХФ играа со младинци и загубија 41:17.

Цепелин на денот

13 кратниот првак на Полска и европски шампион од 2016-та изведе нешто на кое би му аплаудирале и Кире, Тале, Фичо и компанија, познати по ваквите атракции. Имаме троен цепелин во режија на Кјелце, тимот каде замина Душебаев, а од следна сезона ќе игра и Циндриќ. 

Вардар поразен во Полска, Кјелце надмоќен за првата позиција

Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.

Европскиот првак на колена во Скопје, Вардар подобар од Кјелце

Во дербито на двата гиганти на европскиот ракомет и меч на неделата според ЕХФ, Вардар го совлада полскиот Виве Таурон Кјелце со 40:34 (18:18) и го презеде лидерското место во групата Б.

Кјелце преку лудо финале на пенали се искачи на европскиот врв

Веспрем и Кјелце ни донесоа инфаркт финален натпревар во Лигата на шампионите. 23 кратниот унгарски првак можеше лесно да стигне до трофејот уште во регуларните 60 минути, но Пољаците беа дрски и им го срушија сонот во второто полувреме.

Кјелце се одмазди за високиот пораз во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.

Ракометно шоу на Вардар за одмазда на Кјелце

Македонскиот шампион приреди вистински спектакл за публиката во Јане Сандански која гледаше и уживаше како Вардар го толчи ланскиот должник од кој беше елиминиран во четвртфинале. Штербик се надмина себе си.

Вардар не успеа да стигне до Келн

Пласманот во друштво на најдобрата четворка од Европа и оваа година останува само желба. Македонскиот вицешампион се бореше машки, но го загуби и реваншот од четвртфиналето во ЛШ од Кјелце со два гола разлика.

Вардар со -2 ќе брка фанјлфор во Полска

Македонскиот вицешампион не успеа да го добие силниот Кјелце на првата четвртфинална пресметка во Јане Сандански. Пољаците покажаа зошто се единствената екипа без ниту еден пораз во групната фаза од Лигата на шампионите.

Што го чека Вардар во двомечот со Кјелце

За историски прв пласман на Ф4 во Лига на шампионите, Вардар ќе мора да го добие двомечот со убедливо најдобриот полски тим, кој знае за атмосферата во Скопје. Хрватот Иван Чупиќ, полските репрезентативци и преполната сала им се најголеми адути на жолто-сините.