Вечерашниот пораз од 36-29 е трет пораз на „црвено-црните“ во Европа кои ја продолжуваат борбата за пласман во нокаут фазата.
Вардар тргна сосема коректно на мечот со Кјелце и во првиот дел имаше пет различни стрелци. Водеше скопскиот тим со 2-5 на почетокот и тоа како да ги разгоропади домаќините кои фатија сериозен залет.
Кјелце ги искористи сите технички грешки на Вардарци, прво израмни на 5-5, подоцна и на 10-10 и од тој момент почна „бродоломот“ на Вардар.
Корнецки одново покажа дека е меѓу Топ5 голмани во Лига на шампиони, блескаше уште во првите 30 минути кога запиша 7 одбрани и ги мотивираше своите соиграчи да тргнат кон триумфот.
Борко Ристовски не успеваше да најде рецепт за полскиот репрезентативец Морито кој на Кјелце со неколку ефектни голови му донесе 14-10.
На сево ова се надоврза и црната серија на Вардар со 4 ипол минути без гол, па Кјелце замина на 15-11 и веќе беше јасно во која насока ќе оди мечот. На пазуата ракометарите заминаа со резултат 18-12 за полскиот состав.
Актуелниот европски шампион успеваше да ја држи негативата од 3-4 гола но голманите не бранеа на потребното ниво (без одбрана цел втор дел) и Кјелце се одлепи на 31-23 што беше клучен момент на мечот.
Со по 7 гола некогашниот Вардарец Алекс Душебаев и Морито беа први стрелци на мечот, а Турна запиша 5 гола. Кај „црвено-црните“ Тимур Дибиров одичен со 7 погодоци, Јотиќ додаде 6, а голманите собраа севупно очајни 5 одбрани: четири на Кантергел и само една на Борко Ристовски.
Во следното коло, Вардар ќе гостува кај Порто на почетокот на декември, а подоцна ќе го пречека францускиот гигант ПСЖ.