Емотивниот говор на Талант Душебаев по финалето кој заплака пред играчите

Атмосферата во соблекувалната на победниците обично е јасно како изгледа и често имаме можност да ја гледаме, но да видиме како изгледа онаа на поразениот тим, во случајот Кјелце кој ја загуби битката во Келн од Барселона на пенали. Цела сезона труд и пот до даска и на крај пораз во финале само поради еден промашен пенал. Колку тага на едно место.

„Неизмерно сум горд на вас, неизмерно сум среќен што сте со мене. 21 син, 21 воин, 21 човек со големо срце“.

„Алекс, нема татко кој е повеќе горд од неговиот син од мене. Ти си најдоброто што го имам во животот. Ти и твојот брат. Сè додека сум жив, ти си најдобар за мене“.

За титл на англиски, кликнете на settings, па изберете го јазикот на Auto-translate.

22 јуни 2022 - 12:55