Драмата на пенали по која Барселона остана на европскиот трон

Откако од сезоната 2009/10 во ЛШ се игра Фајнлфор турнир, Барселона е прва екипа која успеа да ја одбрани титулата. Во овој формат во Келн, имаат 4 титули, Кил 3, а Вардар 2. Алекс Душабаев беше многу опасен и на моменти незадржлив кога ќе се кренеше на шут од игра, но кога финалето се одлучуваше на пенали, само тој не успеа да реализира.

Прв стрелец сезонава во ЛШ е Алеиш Гомез со 104 погодоци. 25 годишното десно крило одигра блескаво на Ф4 со 12 погодоци во полуфинале и 9 во финале.

МВП наградата ја освои пикерот на Кјелце, Артем Каралек. 

Каталонскиот тим стигна до јубилејна 10-та титула во најелитното клупско европско натпреварување. 

20 јуни 2022 - 09:07