Ракометарите на Вардар водеа многу тешка битка во обид да стигнат до првиот Фајнлфор во клупската историја, но немаа лек за момчињата на Талант Душебаев кои повторно беа незадржливи во напад особено во ударите од далеку.
Стартот на мечот беше изедначен и по 7 минути игра беше 3:3. Првото водство Вардарци го обезбедија со играч помалку со голот на Горбок. Потоа направија голем број на грешки во напад и во одбрана и кога беа во ситуација со двајца играчи повеќе, дозволија серија на Пољаците од 3:0 и 11:8 за Кјелце.
Во завршните минути домаќините не организираа долги акции, туку го користеа силното оружје и со неколку проектили од далеку го одржуваа минимално водство. Се играше гол за гол, а погодоци за нашиот тим во три напади по ред реализираа Душебав, Дибиров и Брумен.
Кјелце на седум секунди до крајот свика тајм аут, а потоа успеа да организира напад кој го заврши со цепелин за предност од 16:14. Во првите 30 минути слаб учинок имаа и голманите. Штербик и Милиќ имаа само по две одбрани.
Избраниците на Гонзалес не се предаваа и во вториот дел, но на почеток повторно беа во ситуација да анулираат предност -3. За тоа се погрижија Душебаев, Шишкарев и Карачиќ кои во 40 минути израмнија на 22:22.
Вардарци и во второ полувреме имаа ситуација кога беа со два играчи повеќе, но не успеаа ниту еднаш да влезат во водство. Милиќ направи две фантастични интервенции во серија и со тоа ја одржа минималната негатива.
Резултатски црвено црните не беа моќни да променат ништо освен тоа што во неколку наврати успеаа да стигнат до израмнување. Им недостасуваа нијанси и во играта од нападот и од одбрана, за да стигнад до водство од два гола разлика кое ќе им беше доволно за испишување на нова ракомена историја.
Кјелце на крајот триумфираше со 31:29, а најпрецизни играчи во нашиот табор беа Душеваев со 9 и Карачиќ со 7 голови.