Последната минута од драмата во Битола и атракцијата на Митревски
Еурофарм Пелистер слави голема победа против Загреб на отворањето на новата сезона од ракометната Лига на шампиони. Битолчани славеа 25:23 и водеа на речиси цел натпревар. На крајот сепак стана драматично, бидејќи Хрватите имаа напад за реми. Дејан Манасков беше прв стрелец со 8 гола, а Филип Кузмановски постигна 6. Никола Митревски се фрли како мачка. Мечот од трибини го следеше Лино Червар.