Новиот шампион на Македонија и единствен наш претставник во Лигата на шампионите следната сезона, се падна во А групата и тоа против годинашниот финалист Кјелце, како и другите два гиганти ПСЖ и Кил.
Во салата Боро Чурлевски во Битола ќе гостуваат многу поранешни Вардарци, како Душебаев и Карачиќ со Кјелце, Раул Гонзалез со ПСЖ, Дибиров и Чупиќ со Загреб, Калараш со Пик Сегед, но и ѕвезди од рангот на Хансен со Алборг и Дувњак со Кил.
Група А
Кјелце, ПСЖ, Кил, Алборг, ПИК Сегед, Еурофарм Пелистер; ППД Загреб; Колштад
Група Б
Барселона, ГОГ Гудме, Веспрем, Магдебург, Висла, Монпелје, Порто, Целје Пивоварна Лашко
Првопласираните две екипи одат директно во четвртфинале, а со пласман од трето до шесто место се оди во осминафинале.
Во прво коло Еурофарм Пелистер игра дома против Загреб на 13 или 14 септември.