Трката за титулата меѓу Вардар и Пелистер, но и Охрид

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.

Триумфот на Вардар против Еурофарм Пелистер минатиот викенд, ја зголеми неизвесноста за титулата и сега никој не е комотен до крај.

До крајот остануваат уште само 5 кола во кои се очекуваат тешки и неизвесни битки и со оглед на квалитетот на екипите не се знае ништо.

Еурофарм има 26 бода, Вардарци 24, Охрид 23, ситуација на табела од која сешто може да произлезе.

Тоа значи дека Еурофарм со 5 од 5 и официјално е повторно првак на Македонија. За Вардар да ги спречи битолчани во одбрана на титулата, треба да ги добие сите средби и да чека еден кикс на големиот ривал.

Но тука се прашува и Охрид, одлично предводен од Стевче Алушевски кој матемачки е во игра. Токму овој викенд тие се домаќини на тимот на Бранислав Ангеловски, меч кој може да излезе и клучен.

За Владо Недановски најтешките два противника се Охрид, но и четвртопласираниот Алкалоид, кој токму во последно коло гостува во Битола.

РАСПОРЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

10. коло - 20/21 април
Вардар – Тиквеш 
Охрид – Еурофарм Пелистер 

11. коло - 28 април
Пролет – Еурофарм Пелистер 
Струга – Вардар 
Алкалоид - Охрид

12. коло - 5 мај
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 
Вардар – Алкалоид 
Охрид - Пролет

13. коло - 26 мај
Струга – Еурофарм Пелистер 
Вардар Охрид 

14. коло - 2 јуни
Бутел – Вардар 
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 
Охрид - Тиквеш

19 април 2024 - 15:13