Таг: рк охрид

Шампионски пречек за шампионот Охрид

Охрид ги поздрави шампионите со сите нишани после освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ. Прославата беше организирана на градскиот плоштад и зачинета со огномет и бакљада.

Голот на Ѓукиќ за триумф на охриѓани среде Унгарија

Охрид одигра јуначко финале на гостувањето против Татабања која ја совлада со 28:29 со голот на Дарко Ѓукиќ во последниот напад од средбата. Во еден момент имаа и +7. Ѓукиќ и Ивановиќ фантастачни со по по 7 гола, исто и Пилиповиќ со 12 одбрани. На спротивната страна Талески постигна 2 гола. Судиите имаа сомнителен критериум и доделија дури 10 исклучувања за македонскиот тим.

Достоен пречек за победата на Охрид во Битола

Навивачите на Охрид „ја запалија“ салата Билјанини извори и со песна ги пречекаа ракометарите кои стигнаа до голема победа против Еурофарм Пелистер на гости. Охриѓани сега се израмнија со битолчани и имаат по 42 бода, 8 помалку од лидерот Вардар. Алкалоид е четврти со 40.

Фин пуштен на најјако во Охрид

Македонизираниот Германец Фин Ватчов, од Боро Чурлевски во Битола, се сели во Билјанини извори во Охрид, каде Олимпијакос е елиминиран во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ со 25:24. И да, пуштен е најјако.

Охридска атракција среде Грција

Ракометарите на Охрид го суредија Олимпијакос на гости со 31:26 во првиот четвртфинален меч од ЕХФ Купот. Последниот гол им беше за најавни шпици, со прекрасно изрежирана акција која атрактивно ја заврши Анте Иванковиќ. Реваншот во Охрид е закажан за 4 април.

Трката за титулата меѓу Вардар и Пелистер, но и Охрид

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.