Навивачите на Охрид „ја запалија“ салата Билјанини извори и со песна ги пречекаа ракометарите кои стигнаа до голема победа против Еурофарм Пелистер на гости. Охриѓани сега се израмнија со битолчани и имаат по 42 бода, 8 помалку од лидерот Вардар. Алкалоид е четврти со 40.