Голот на Ѓукиќ за триумф на охриѓани среде Унгарија

Охрид одигра јуначко финале на гостувањето против Татабања која ја совлада со 28:29 со голот на Дарко Ѓукиќ во последниот напад од средбата. Во еден момент имаа и +7. Ѓукиќ и Ивановиќ фантастачни со по по 7 гола, исто и Пилиповиќ со 12 одбрани. На спротивната страна Талески постигна 2 гола. Судиите имаа сомнителен критериум и доделија дури 10 исклучувања за македонскиот тим.

Реваншот во Охрид се игра на 31 мај, кога Охрид ќе има шанса да го освои Европскиот Куп на ЕХФ, после Алкалоид минатата година.

25 мај 2026 - 08:56