За Еурофарм Пелистер ова е прв домашен пехар откако се фузираа двата битолски клуба или прв трофеј по цели 16 години откако во далечната 2005-та ја освоија двојната круна.
Вардарци добро го започнаа мечот, поведоа со 5-3, со 7-4 па и со 9-6 но кога Еурофарм Пелистер, односно тренерот Жељко Бабиќ ја затегна одбраната, работите се менуваа во корист на „зелено-белите“. Првпат Пелистер израмни на 11-11 во финишот на првиот дел кој заврши нерешено 14-14.
Во вториот дуел шампионот западна во црни минути без постигнат гол (унгарскиот голман Мартон Секељи бранеше сјајно и нанижа пет одбрани), па Пелистер искористи моментум и се одлепи на 20-16. До крајот „црвено-црните“ само еднаш ја намалија негативата (24-20), но тоа беше се што успеаа.
Најдобар играч на мечот беше Стипе Мандалиниќ од Еурофарм Пелистер со шест гола, Јосип Периќ постигна пет, а голманот Мартон Секељи запиша дури 12 одбрани од кои седум во вториот дел. Тимур Дибиров со седум и Филип Талески со пет беа први стрелци кај Скопјани.
Суперкупот покажа дека сезонава ќе имаме неизвесно првенство и Куп и дека ракометот ќе донесе нови возбудливи дерби средби како некогаш.
Мечот помина и во нервоза а во еден момент Стојанче Стоилов во дуел со Обрадовиќ го удри ривалот во стомакот по што настана гужва а Начевски и Николов го исклучија капитенот на Вардар 1961.
Во текот на мечот Стојанче Стоилов постигна и ефектен гол од прекин: