Судијата досуди пенал за Спортинг кој така личи на прва, бидејќи на снимката како да се гледа апла играње со рака во шеснаесетник на играчот на Бенфика со број 2.
Арно ама во разговор со играчите, еден од Спортинг му сугерираше на судијата, дека ударот бил во лице, а не во рака. Се вика Динис кој потоа даде искрено објаснување и тоа со доказ кој никој не може да го оспори. Каков шампион уште од мал.
„Монтеиро ја шутна топката и го погоди играчот на Бенфика во глава. Сите рекоа дека е игра со рака. Судијата ни се доближи на разговор, моите соиграчи рекоа дека е рака, но јас му реков не, топката го удри во лице, а тоа се виде и по реакцијата на детето кое беше црвено на лицето и плачеше од болка. Тоа според мене беше правилна одлука, бидејќи Бенфика не заслужи да има пенал против нив. Судијата требаше да праша и тоа се случи“, изјави јунакот.
Тренерот на Спортинг беше презадоволен од ставот на својот играч и истакна дека само така се создаваат вредности во спортот.
Двете деца си пружија и рака.
QUE EXEMPLO! SER SPORTING! 🤩🦁
— Sporting Clube de Portugal (@Sporting_CP) February 15, 2020
O jovem Leão Dinis, dos benjamins do #FutsalSCP, a SER SPORTING no dérbi deste sábado! 💚#ADNSporting pic.twitter.com/J12fgCjWIp
Единствено не е е јасно зошто детево од Спортинг доби картон?