Таг: фер плеј

Фер плеј на вечерта кој мора да се награди

Шкотски Ренџерс и белгиски Антверпен одиграа тотално луд двомеч во Лига Европа со дури 14 гола. Првиот дуел во Белгија заврши 3-4 за тимот од Глазгов, кој синоќа славеше со 5-2. Стрелецот на првиот гол Алфредо Морелос пред полувремето имаше фер плеј на сезоната.

И фаулот знае да биде пријателски

Фаулот е практично дел од фудбалската игра и треба да знае човек да го прифати. Добро ова во Австралија е на некој друг левел и излезе сосема спонтано и симпатично. Замислете Ибра и Лукаку да се најдат во ваква ситуација.

Умре ваквиот фер плеј

Лажат за аут, корнер, фаул. Се тркалаат на земја за да изнудат црвен во машки дуел на центар на игралиште, така што овој пример од Бундеслига е непоимлив за 90 и кусур проценти од играчите. Арон Хант од Вердер пред шест години беше џентлмен број 1 во светот на фудбалот.

Детево одржа час по фер плеј и тоа во ривалски екипи

Прво што се работи за деца од основно, второ што едниве се Бенфика, а другиве Спортинг дополнително му тава тежина на фер плеј потегов од кој треба да учат нивните врници, па и постарите. Што се случи?

Дечково одржа лекција по фер плеј

Поучен напад за оние кои немаат респект кон противникот и кои по секоја цена сакаат да дадат гол. Аплаузи од сите е минимум што заслужува.

Незапамтена случка во англискиот фудбал, Биелса постави стандарди

Во Чемпионшип како по обичај се води голема битка за Премиер лига. Во 45. коло Астон Вила која е во налет, му гостуваше на Лидс на нашиот Алиоски.

И вака имало а?

Холандскиот тим РКЦ отиде на последната анти фер плеј карта за едно пусто реми на домашен терен. И после оди одлучи да те видам дали е правилно или не да ја прекинеш играта кога некој ќе легне. 

А голманката кој ја врти а?

Лош, многу лош анти фер плеј потег во австралискиот женски фудбал. Па уште се прави наивна, демек сè си е ок, нема ништо спорно.

Многу неспортски потег е ова

Дерби е, и тоа она меѓу ПСВ и Феенорд. Домаќините имаат шанса за гол, а гостите им ја уништуваат и создаваат конфузија на терен на ептен нечесен начин, со уфрлување на уште една топка на терен. Колку ниско.

И сега ова за фер плеј треба да го сметаме?

Најапсурдната акција викендов се случи во израелскиот фудбал. Лакомоста за постигнување гол исплива на површина пред наводната помош за колегата и барање да се стопира играта. И што е најинтересно со овој гол во 88-ма минута беше решен мечот.

До таму ли стигнавме Јапонец да задржува време?

Во последните 10-15 минути од мечот Јапонија - Полска 0:1, Јапонците иако губеа, имаа пласман во следна фаза затоа што Сенегал кој губеше од Колумбија исто 0:1, полошо стоеше на фер-плеј табелата (имаа 6 жолти картони, а Јапонија 4), па „самураите“ си подаваа на средина од терен да не случајно направат жолт картон.

На која репрезентација што и треба во последното коло?

Денес започнува третото последно коло од групната фаза на Светското првенство. Шест тима се квалификуваа а има уште 10 слободни места. Да ѕирнеме на кој што му треба.

На само 13 години одржа лекција по фер плеј

Толку мал, а веќе зрел. Има само 13 години на кои дете на таа возраст сигурно едвај чека да даде гол и да се направи фраер во маало, ама на Николо на прво место му е правдата, за која може да им предава на оние кои играат со иле. Треба за првенец во генерација да го прогласат.

Изопачен фер плеј

Играчот лежи, а противниците во духот на фер плејот изведуваат аут ама колку да им ја вратат топката. Кое враќање, кога напаѓачот запна пресинг да брка за да даде гол, па потоа голманот го бркаше него, па влета линискиот судија. Дефинитивно лош пример во Норвешка за фер плеј.

Најголемите вредности во спортот

Ништо не му вреди на еден спортист со вили, базени, авиони и милиони ако не ја научи основната вредност во спортот, а тоа е фер плејот. Овие ракометари ја научија таа лекција уште како млади и сега може само да ја пренесуваат. Браво деца.

Фер плејот не е мртов

Или поточно фер плејот барем во Мексико уште не е мртов. Судијата досуди пенал откако наводно дефанзивецот на Клуп Америка играл со рака, но еден од играчите на Морелиа не се излакоми да шутира, туку му кажа на судијата дека немало пенал и го убеди да ја смени одлуката.

Лекција по фер плеј

Вистинска реткост во денешно време е да начекаш играч кој ќе ја стопира акцијата во ситуација кога има празен гол, ама ете имало и такви во шпанскиот нисколигашки фудбал. Фер плеј ситуација за сите пари кои ја победија алчноста за гол.

Најсимпатичниот прекин на фудбалски натпревар

Едново дете игра за Ривер Плејт, а другово за Кордоба. Уште не можат да добацат до гол од средина на терен, а веќе држат лекции по фер плеј.

Тинејџер на Базел доби бакнеж за покажување фер плеј

Базел губеше на домашен терен 2:3 од Грасхоперс, а при крајот на средбата судиите им подарија корнер. 18 годишниот Брел Емболо им ја исправи грешката и со тоа покажа дека е дете за пример во фудбалот од кој може да се учи фер плејот.

Фер плеј на векот

Во време кога во фудбалот има многу ликови кои паѓаат како покосени за да изглумат пенал, Елвин Мамадов од Карабах на дербито против Интер Баку во Азербејџан им одржа лекција по фер плеј. Судијата му свирна пенал, а тој не сакаше да го признае и го утна намерно.

Три земји добија место плус во ЛЕ поради фер плеј

Холандија, Англија и Република Ирска се трите земји кои благодарение на фер настапите на нивните клубови и репрезентации, добија право на уште едно место во квалификациите за ЛЕ од следната сезона. Македонија 46-та на фер плеј листата.

Фер плеј во стилот на Ди Канио

Махмуд За`тара е фудбалерот кој го зслужува најголемиот респект оваа недела. На меч од Азискиот куп неговиот тим Ал Вехдат имаше водство од 2:0 против Ал Нахда, но 24 годишниот играч од Јордан одби да го зголеми на 3:0, бидејќи во тој момент силите не беа рамноправни на терен.