Во 72' минута фудбалерите на Лидс Јунајтед поведоа со 1-0 багодарение на голот на Матеуш Клих. Но на погодокот му претходеше сериозно кршење на фер-плејот, зошто домашните играчи во желбата да се докопаат до место кое води во Премиер, како да подзаборавија на витештвото.
Клих уште не стигна да се израдува на голот, а фудбалерите на Астон Вила со право му се пуштија и внесоа во лице, затоа што нивен играч лежеше на теренот додека Лидс даде нефер гол.
Започна тепачка во која шпицот на Вила, Анвар Ел Гази ни крив ни должен доби директен црвен картон за „удирање“ противнички играч. Се испостави дека Патрик Бамфорд од Лидс само глумел дека е удрен. Едвај се смири и Џон Тери, помошник тренер на менаџерот на Астон Вила Дин Смит.
Во еден момент целиот хаос го смири Марсело Бјелса кој со Лидс имаше големи шанси директно да влезе во Премиер лига.
Аргентинецот им нареди на своите играчи да му допуштат на противникот несметано да даде гол за 1-1:
The most incredible scenes we have EVER seen! You need to see this to believe it 😲
— Soccer AM (@SoccerAM) April 28, 2019
Marcelo Bielsa makes his team let Aston Villa score after Leeds United scored extremely controversially! 🤯
 pic.twitter.com/hzoiH4oRBR
Мечот заврши нерешено - 1:1. Тоа на крајот значи дека Лидс ги загуби шансите за 2. место кое директно води во Премиер (1 и 2 завршија Норвич и Шефилд Јунајтед кои слават неверојатен пласман).
Во плејофот за последно место кое води во елитата и носи многу пари и реноме ќе играат Лидс, Астон Вила, Вест Бромвич и уште еден од Дерби, Мидлзборо, Бристол и Шефилд Венздеј.
Главниот тренер на Вила, Дин Смит после мечот изјавил: „Клих веќе ни се извини. За настанот? Веднаш после случката, Биелса се извини и се согласи дека е неферски гол. Тоа е совршен пример на фер-плеј, но искрено да признаам мечот беше лош до тој момент.“
А легендарниот Биелса рекол:
„Им го допуштивме тој гол. Англискиот фудбал е прославен со натпреварувачки дух, така што не гледам смисла да го коментирам настанот, такво нешто би се случило во секој меч од било која англиска лига“.
А му играше пласман во Премиер лига и до крај испадна чесен.