Од сезоната 2009/10, УЕФА чува загарантирано место плус во европските натпреварувања за земјите чии екипи фер и коректно ја претставувале својата земја. Во конкуренција влегуваат земјите чии репрезентации и клубови одиграле минимум 37 натпревари од 1. мај 2014-та до 30. април 2015-та.
Меѓу главните критериуми се респектот кон противникот и судијата и односот на публиката пред, за време и после натпреварот. Минатата сезона Скандинавските земји го наплатија културниот и мирен начин на следење натпревари, затоа што УЕФА им даде место плус во ЛЕ на Шведска, Финска и Норвешка (клубовите Гефле, Мариахамен и Тромзо).
УЕФА објави и дека од следната година ќе го смени системот, така што федерациите нема да добиваат веќе дополнителни места во европските натпреварувања, туку ќе им се даваат парични награди за развој на фудбалот во нивната земја.
Нашата земја е на 46. место со 7,5 поени од 51 одигран натпревар. Од балканските земји пред нас се Бугарија, Хрватска, Србија и БиХ. Зад нас се Азербејџан, Албанија, Ерменија, Луксембург, Ерменија, Гибралтар и Сан Марино.
Кориере дело спорт пишува дека одлуката на УЕФА да ѝ даде место на Холандија е чудна, особено по нередите на навивачите на Феенорд во Рим и во Ротердам за време на дуелите Рома- Феенорд.
Од екипите во Премиер лигата кои би можеле да видат некаква корист од оваа награда е Вест Хем, кој во моментов се наоѓа на позиција која е под местото кое води во ЛЕ. Пред нив е Ливерпул, кој како петтопласиран би се квалификувал во Европа Лигата.