Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се пласираше во финалето на Лига Купот во Португалија откако со Спортинг ја совлада Брага на пенали со 4:3. Пенал серијата почна ужасно со дури пет утки по првите три изведени серии. Промаши и неговиот колега Нани, а Рики шутираше претпоследен. Во финале ќе играат со Порто кој во другото полуфинале ја елиминираше Бенфика.