Португалскиот печат и навивачите на Спортинг се истурија од позитивни критики за дебито на Ристовски во ЛШ. Бекот на македонската репрезентација во вторникот истрчал 10 километри, а за тие што не го следеа мечот, сега можат да се уверат колку добро играл. Португалците направија видео само со него. Стефан се надминал себе си, Манџукиќ не мрдна.