Додека Лестер распаметува во Англија, во Германија историја пишува берлинска Херта. Германците се збогатија за плус милион евра во рок од девет минути во сезоната во која бркаат евро-купови.
На местото на отпуштениот Гери Невил кој имаше мизерен учинок, Валенсија за главен тренер го постави Пако Ајестаран, долгогодишен помошник на Рафа Бенитез. На неколку кола до крајот, што може да се очекува од „лилјаците“?
Редовните прес конференции знаат да бидат страшно еднолични, монотони и досадни, но ако на нив гостува човек како португалскиот тренер Витор Переира (тогаш во Ал-Ахли, денес во Фенербхаче) сè може да се слушне. Револтиран од судењето распали на прес и за малку физички не се пресмета со човекот што ја водеше конференцијата.
Рикардо Тука Ферети е Бразилец кој речиси целата играчка и тренерска кариера ја минал во Мексико. Во моментов е тренер на Тигрес УАНЛ, тим чиишто играчи не смеат да зуцнат.
Египетскиот клуб Замалек го избркал главниот тренер Мидо после првиот пораз, само 37 дена откако потпишал договор со овој тим. Египќанецот не е ниту прв, ниту последен што неколку дена бил тренер.
Англичанецот го одбра најлошиот момент во Валенсија за да стане тренер на овој клуб, а синоќа ги голтна зборовите од лани кога рече дека не би можел да ги гледа во очи фамилијарните доколку некогаш загуби 7:0.
На мечот ФНЛ Том - СКА Енергија во Русија, гостинскиот голман Јури Дјопин наместо во судиското продолжение, во противничкиот шеснаесетник одеше на три пати во текот на мечот. Првиот пат во 64-та минута при резултат 1-0 за домаќините. На пресот после мечот изјавил дека тоа била одлука на тренерот Александар Григорјан, а не негова.
Балканската фудбалска реалност секој ден носи нови анегдоти. Од Босна и Херцеговина денес стигна веста за тренерот кој дознал дека е отпуштен преку Фејсбук.
Откако големиот талент од Сирија го преживеа пеколот за да стигне на сигурно и да му се врати на фудбалот, уште еден сличен пример во бегалската криза е решен на таков начин.
Вакви фудбалски приказни може да се случат само во земјата каде има посебна фудбалска култура од прва до десетта лига, а тоа е собирач на топки да добие шанса на еден меч да го води клубот за кој навива.
И покрај тоа што единствените два трофеи ги освои во последните две години, Унаи Емери има големо меѓународно искуство за неговите години, а во моментов е најбаран тренер во Европа.
Малиот Чарли Пај во февруари испратил писмо за да се кандидира за заменик на тогашниот тренер Пол Ламберт. Актуелниот тренер Шервуд сега му одговори на симпатичен начин исто преку писмо.
И покрај тоа што го мамеше судијата, Мексиканецот вчера ни беше симпатичен и се смеевме, ама ова Русинов не е воопшто за ваков занает, особено не со деца.
Стратегот Тука Ферети е хит во Мексико кој откако доби црвен картон му се криеше на судијата зад седиштето, но не успеа и на камерите, за да го догледа мечот на неговиот тим Тигрес кој загуби со 2:1 од Универзидад.
Томас Фенеси бил ангажиран да тренира млади фудбалери, но по неколку дена останал без пари и пасош. По 10 месечниот кошмар успеал да се извлече со помош на британската амбасада.
Досега се нема случено во ниту од најсилните европски лиги, а тоа е жена-тренер да биде предводник на машка фудбалска екипа. Овој подвиг вечерва ќе го направи Корин Диакре во втората француска лига.
Кога Манчестер Јунајтед го претстави Мојс, на 9 мај 2013 година, навивачите едногласно скандираа: „Кралот Ферги е незаменлив". За еден куп пари, 6–годишен договор и мал дел фанови зад себе, Мојс се обиде да тргне по стазата на Сер Алекс Фергусон.
Поранешниот тренер на англискиот третолигаш Транмер ја загубил работата и договор вреден 130.000 фунти само заради 1 фунта уплатена на тикет во кладилница.
Дејвид Мојс веќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ му дадоа шут-карта на неуспешниот наследник на Алекс Фергусон, а кладилниците веќе почнаа да примаат уплати за новиот тренер.