Бегалецот од Сирија на проба во Баер Леверкузен

Мохамед Џаду кој едвај преживеа за да стигне во земја каде што нема војна, упорно тренира за да стане идна ѕвезда во Бундес лигата. Талентот никој не му го спори, потребно е само да му извадат нови документи за да стави потпис во најелитната германска лига.

Репрезентативецот на Сирија за играчи до 16 години не сакал повеќе да игра фудбал во својата родна земја бидејќи го терале да стане војник и наместо да продолжи по својот фудбалски пат во мир, да се бори во војна.

Џаду со татко му и чичко му преку Турција па Италија успеаа да стигнат до Германија, земјата за која тој мечтаел и сега живеат во куќа во Оберштауфен. По пат видел 500 жртви кои бегаа од неговата земја.

Желбата му е да заигра во Бундеслигата и еден ден да ги посети мајка му и брат во Сирија, а неговиот сон е да го облече дресот на Реал Мадрид. За голготата на талентот од Сирија пишувавме неодамна, а за талентот и неговата животна приказна љубопитни се и новинарите кои често го посетуваат.

16 септември 2015 - 12:53