Среќникот е 11 годишниот Даниел, голем навивач на нисколигашот Фајлд кој ги собира топките зад голот и кој беше прекомандуван на тренерското столче и тоа на пријателски меч против второлигашот Болтон.
Даниел спремаше тактика, одржа прес конференција и направи измени, а со тим кој е за четири рангови подолу од Болтон успеа да одигра 1:1.
„Ќе се трудам да им укажат дека довербата треба да им биде на високо ниво. Ако во прво полувреме не им оди добро, тогаш на пауза ќе влезам во соблекувалната“, изјави Даниел пред натпреварот.
Татко му рече дека ова е шанса од соништата за Даниел кој го сака клубот со сето срце.
„Не пропушта натпревар на Фајлд ни дома ни на гости и веќе резервиравме за годишни карти за новата сезона“.
По средбата 11 годишниот стратег изјави:
„Ја добив шансата да бидам тренер, да го држам нотесот на вистинскиот тренер на мојот омилен клуб и навистина уживав. Сега сум повеќе инспирирам и навистина сакам да станам фудбалер, многу повеќе од претходно“, рече Даниел
„Ден е секојдневно од голема помош за клубот, а сега доби малку повеќе на промоција. Тој сега имаше увид и во тоа што се случува во соблекувалната“, изјави стандардниот тренер, Деј Рич.