Следната сезона Тотнем играше многу лошо и после 8 кола Шпанецот беше отпуштен. На 10. септември 2009. година Хуанде Рамос потпиша договор со ЦСКА Москва, но 46 дена подоцна споразумно го раскинаа договорот.
Поради сериозната економска криза која што ја погоди рускиот фудбал, претседателот на ЦСКА Москва, Евгениј Гинер го затворил новчаникот и не му ги исполнил желбите на Шпанецот. Како резултат на тоа, после девет меча (4 победи, 1 реми и 4 порази), Хуанде Рамос замина.
Ова е еден од ретките случаи кога тренерот и клубот се разделиле пријателски. На 1. октомври 2010-та Рмоас официјално стана тренер на Днепар со кој потпиша 4-годишен договор кој го одработи до крај.
Хосе Антонио Камачо (Реал Мадрид, 1998, 23 дена)
Легенда на Реал за кој одигра 414 средби, поради што никој од навивачите не беше изненаден кога во 1998. година седна на клупата на Кралскиот клуб наместо Јуп Хајкнес. Сепак, случајот кога поранешен фудбалер ќе стане тренер на поранешниот клуб не е секогаш успешно решение.
Камачо се замерил со раководоството на Меренгес, така што после само 23 дена по потписот на договорот, морал да го раскине. Меѓутоа во 2004. година, Камачо успеа да се запише на листата тренери на Реал Мадрид. Откако успешно ја водеше Бенфика, го вратија во Мадрид но остана тренер 115 дена.
Не многу за гордост, затоа што го водеше клубот 2 месеци пред почетокот на сезоната и одигра 3 официјални натпревари потоа.
Кевин Калис (Свонси Сити, 1996. година, 7 дена)
Малку кој го знае Кевин Калис. По крајот на професионалната кариера, тој се пробал во тренерските води. На 8 февруари 1996. година претседателот на велшкиот тим Свонси, Мајкл Томпсон го поставил за главен тренер на екипата која тогаш играла во третата англиска лига.
Калис на клупата останал само една недела. Дебитирал против Свиндон Таун (0:1), играчите не биле задоволни од него и организирале побуна после која завршила славната недела на Кевин Калис.