Таг: отказ

Корнел Вест даде отказ од Харвард

Филозофот и активист го најави своето заминување во март, но сега го објави и писмото со кое дава оставка, во кое како причини ги наведува „површниот диверзитет“ и „духовната мувла“ кои според него владеат во оваа престижна институција.

Отказ каков што заслужува секој политичар

Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.

Мурињо отпуштен од Манчестер Јунајтед

Преку официјално соопштение, трофејниот англиски клуб соопшти дека Жозе Мурињо веќе не е тренер на Манчестер Јунајтед.

Келнер: Не сум груб, само сум Француз

Француски келнер бил отпуштен од канадски ресторан заради проценка дека бил „агресивен, груб и не покажувал почит“. Сега тој го тужи ресторанот заради дискриминација на неговата култура.

Отпуштен спикерот што му го промашил презимето на починатиот Астори

Фудбалскиот клуб Перуџа соопшти дека претседателот на клубот го отпуштил Франческо Бирколоти којшто направил неколку големи гафови за време на мечот со Бреша.

Зошто Раџа Наинголан е избркан од репрезентацијата на Белгија

Еден од најдобрите фудбалери во Европа во изминатите неколку сезони, се соочува со крај на репрезентативната кариера откако ја спукал со селекторот Мартинез.

Турскиот селектор добил отказ зошто правел рушвајс во кафана

Турската фудбалска федерација се обиде дипломатски да го изглади конфликтот кој го направил селекторот Фатих Терим, но тамошните медиуми стигнале до сапуницата во која главен лик бил токму тој.

Олимпија Љубљана го отпушти тренерот поради расизам

Некогашниот тренер на белградските екипи Рад и Партизан, Марко Николиќ доби отказ од Олимпија поради расистичкиот испад кон својот играч, Нигериецот Блесинг Елеке.

Отказ на денот

Дубробвчанец работел во канцеларија. Од 8 до 16 часот. Имал преку 900 евра плата. И дал отказ. Зошто? Досадно му било на работа.

Најбрзо сменети тренери

Египетскиот клуб Замалек го избркал главниот тренер Мидо после првиот пораз, само 37 дена откако потпишал договор со овој тим. Египќанецот не е ниту прв, ниту последен што неколку дена бил тренер.

Англиски адвокат доби отказ бидејќи пцуел навивачи на Ливерпул

Понеделник е коњак ден за коментирање и анализирање на спортскиот викенд, но во Лондон ако те фатат дека многу ти збори устата, може да те избркаат од работа.

Љајиќ повторно го смени тренерот што го тепаше

Адем Љајиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Интер против Болоња, екипа која поради новиот пораз реши да го смени Делио Роси, тренерот што пред неколку години го истепа Србинот на сред натпревар.

Ева Карнеиро спрема тужба

Откако Мурињо ја отстрани привремено од екипата затоа што влезе на теренот да му пружи помош на Еден Азар против Свонси, Ева Карнеиро реши да го напушти и тужи Челси.

Крахот на симпатичниот буцко

Неколку часа откако Мексико го освои Голд купот во САД, селекторот на оваа земја доби отказ поради тоа што на аеродром во Филаделфија го нападна новинарот со кој долго време не се мирисале.

Je suis Дежуловиќ

Три години по објавувањето на еден текст на Дежуловиќ, судот одлучи дека Слободна Далмација треба да им плати отштета на навредените. И наместо уредникот кој го одобрил текстот зад застане зад новинарот, тој одлучи да ја прекине соработката со добитникот на највисоката европска награда за новинарство. Колегите се солидаризираат, а тој повторно во случајов гледа нешто добро -  се чувствува како да е 1990, а тој млад и полетен. 

Белорусија ќе ги казнува невработените

На портите на Аушвиц стоеше дека работата го ослободува човекот. Лукашенко нема против, само би додал: И обратно.

Во светот на информативните бајки

Шокантна вест која нема да ви се верува бидејќи досега јa немаме ни видено: весник признал грешки во три свои статии и отпуштил новинар заради непримерени односи со изворот на информациите.

Клади се на отказот на Мојс

По последниот неуспех на Манчестер Јунајтед со поразот на гостувањето кај Олимпијакос во Лигата на шампиони, коефициентот на отказот на Дејвид Мојс почна драстично да паѓа.

Вака се дава отказ!

На 5-ти декември 1921 година, идниот Нобеловец и добитник на Пулицеровата награда, Вилијам Фокнер, добива работа на Мисисипи Универзитетот. Иако доаѓал најдоцна а си одел најрано од сите, иако ги игнорирал колегите, ги фрлал добиените писма, пишувал раскази и играл бриџ во работно време, некако успева да остане таму цели три години. На крај, решава дека му е доста такво малтретирање.

Како да се збогуваш со колегите

Веројатно една од најголемите придобивки на мејлот е што можеш да им кажеш се на поранешните колеги (а и на кого било друг), без да треба да ги погледнеш во очи.

А сад адио

Економските аналитичари наидоа на симптом дека американската економија полека закрепнува: луѓето сè почесто даваат отказ и ги напуштаат своите работни места.