Приказната за Мурињо и Ева Карнеиро конечно доби епилог. На 8-ми август Челси одигра само 2-2 против Свонси на домашен терен, а Мурињо за таквиот резултат го обвини медицинскиот тим на Сините кој во финишот влезе да му пружи помош на Еден Азар. Мурињо тогаш изјави дека и Ева Карнеиро и Џон Ферн биле наивни и импулсивни што пребрзо влегле на теренот, иако судијата Мајкл Оливер на двапати ги викаше да влезат.
Убавата докторка Ева Карнеиро одлучи да го напушти лондонскиот клуб и да потегне тужба против Челси. Од клубот не коментираа за овие гласини кои ги пренесе Дејли Меил. Карнеиро била повикана да се врати во тимот за тренингот минатиот петок во центарот Кобхам, но не се појавила.
Отсега натаму веќе нема да биде дел од Челси, затоа што одлучила и официјално да замине со тужба спремна од нејзините адвокати. По расправијата со Мурињо, на Карнеиро најпрвин ѝ била сменета улогата во медицинскиот тим, потоа не ја викале на тренинзите и официјалните средби на Челси.
Ева Карнеиро е родена на Гибралтар од татко Шпанец и мајка Англичанка. На 16 години веќе пројавила интерес за спортска медицина. Студирала медицина на Универзитетот во Нотингем и две години минала на Колеџот за спортска физика во Мелбурн.
На почетокот од својата кариера, Карнеиро работела во Вест Хем Јунајтед, а во меѓувреме била поставена за главен лекар во медицинскиот тим на Британската олимписка селекција за ОИ 2008 година. Карнеиро работела и во женската фудбалска репрезентација на Англија.
Во Челси дојде во 2009 година и во 2011 година, Андре Виљаш-Боаш ја назначил за главен лекар кој ќе работи со повредените првотимци. Во меѓувреме работеше во Челси и кај Роберто Ди Матео, Рафа Бенитез и Жозе Мурињо.