Соопштението во 9.30 часот утрово било закачено на клупскиот сајт а на Твитер профилот на Манчестер Јунајтед во 10.46.
Португалецот како ретко каде во кариерата имаше очајна состојба на „Олд Трафорд“. Клубот веќе подолго време бележи слаби резултати, под славното реноме. Во Премиер лига титулата е веќе загубена одамна, а бледата форма на фудбалерите трае со месеци.
По 17 одиграни кола во Премиер лига, Јунајтед има мизерни 26 бода што е најлош учинок уште од 1990/91. 11 бода заостануваат зад првите четири екипи на табелата.
Притоа, Мурињо беше во лоши односи со извршниот директор Ед Вудворд кој стави лимит на буџетот за трансфер на играчи. Жозе не стоеше добро ниту со неколку фудбалери по што атмосферата во тимот беше нарушена подолго време.
Manchester United has announced that Jose Mourinho has left the Club.
— Manchester United (@ManUtd) December 18, 2018
We would like to thank him for his work during his time at Manchester United and wish him success in the future. #MUFC
Жозе Мурињо успеа да го однесе Манчестер во осминафиналето од Лига на шампиони, но друго и не се очекуваше во група со Јанг Бојс, Валенсија и лидерот Јувентус.
Како привремено решение, клубот до назначување нов тренер планира тренинзите и натпреварите да ги водат помошниците Мајкл Карик и Киран МекКена.
Жозе Мурињо откако на 26 мај 2016 седна на клупата на Манчестер Јунајтед, ја освои Лига Европа, го освои Лига Купот и Супер Купот на Англија. На клупата на Манчестер Јунајтед Мурињо седеше на 144 натпревари и забележа: 84 победи, 32 нерешени и 28 порази. Гол разлика 243:117.
Според договорот, Манчестер ќе мора да му исплати обештетување од 24 милиони фунти (околу 28 милиони евра!
Во првата сезона со Мурињо, во 2016/2017 „Црвените ѓаволи“ завршија шесто место и се помирија со пласман во Лига Европа. Во следната 2017/2018 завршија втори зад неприкосновениот Сити, а во тековнава сезона се 6. место со дури 19 бода зад првиот Ливерпул.