Вечната биполарна збирштина од приказни на ТикТок, пред некој ден изнедри нова интересност: една девојка ја истерале од работата од дома. Споделува на ТикТок и станува вирална.
Каро Шислер работела за Шопифај и тоа не била вчерашна, туку три години, и сподели дека на копче ја исклучиле од секаде.
Имала испланирано цел ден состаноци, но ја отпуштиле, па додека разговарала со колегите на Слак од службениот компјутер, некој ја исклучил и изгубила контакт.
Претходно, ЦЕО-то на Шопифај, Тобијас Лутке испратил писмо до сите дека 10% од вработените ќе летаат. Заради пандемијата се прошириле, но бидејќи онлајн шопингот стивнал, мораат да ја намалат работната сила.
Шислер е лута затоа што вложила три години и работата ѝ станала дел од идентитетот.
Се појавија и други луѓе што добиле клоца од удобноста на каучот дома и ја поддржаа. Ако до сега беше лесно да отфрлиш вработен затоа што немаш веќе како да го искористиш, со копчиња, од другата страна на екран станува уште полесно.
@hicallmecaro Tuesday, am i right? 😋✌️ #layoff #lifeatshopify #techlayoffs ♬ original sound - Caro Schissler