Таг: работа од дома

Менхетен губи по 12 милијарди долари годишно затоа што луѓе работат од дома

Доброто е што вработените конечно се вратија во прескапите канцеларии во Њујорк и посебно во Менхетен. Лошото е што во најдобар случај тоа се три дена неделно, бидејќи по ново ретко кој доаѓа на работа во понеделник и петок.

Луѓе се вратија на работа и - продуктивноста опадна

Статистиката укажува на парадокс: додека се работеше од дома, учинокот на вработените не беше намален. Сега е проблемот, кога луѓе навикнати да работат без канцелариски оговарања и шефчиња кои парадираат наоколу, се враќаат на старото место од кое на капитализмот му ги подаруваат најплодните денови од својот живот.  

Компании годишно трошат по 100 милиони долари на состаноци што би можеле да бидат мејл

Не само што вработените сметаат дека се вишок на една третина од состаноците на кои ги викаат, туку на непотребно дремење на состаноци големите компании фрлаат и до 100 милиони долари годишно, пари кои ниту ја зголемуваат продуктивноста, ниту работата што е завршена.

 

Темната страна на работењето од дома

Одделот за бизнис, енергија и индустриска стратегија во Велика Британија водеше консултации за правилата на флексибилното работење, па во моментов, таму треба да си вработен некаде 26 недели пред да можеш да побараш ваков аранжман. И барањето можеш да го поднесеш на секои 12 месеци. Консултацијата е дали да се либерализираат малку правилата.

Смртта на боледувањето

Ви тече нос, имате температура, едвај стоите на нозе, а сепак се силите да работите од дома? Мобилноста, чувството на вина и компетитивноста, прават денес човек да не е раат ни кога е болен.