Огромна грешка скапо го чинела спикерот Бирколоти којшто покрај аут линијата на стадионот на Перуџа веќе четири години работел како спикер кој ги чита составите, измените, судиското продлжение или информации за публиката.
На 6. март, два дена по веста за смртта на капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори, се одигра мечот од Серија Б меѓу Перуџа и Бреша.
Пред почетокот се одржал едноминутен молк во сеќавање на капитенот на Фиорентина, а спикерот при најавата неколку пати го утнал презимето и викал „Астолфи“ - грешка која што е неопростива за претседателот Масимилијано Сантопадре кој му врачил отказ и на негово место го назначил Марко Такучи.
За време на мечот Перуџа-Бреша се случила уште една непријатна епизода: крадец влегол во соблекувалните на домаќините, украл неколку новчаници и 5 рачни часовници од кои едниот вредел дури 200.000 евра.