Средбите меѓу Фиорентина и Јувентус обично не носат пријателски сцени на трибините и е така подолго време. Виолетовите уште ги тераат оние невкусни шеги за загинатите Бјанконери во трагедијата Хејсел, но навивачите на Јуве барем за момент ги закопаа секирите и направија потег број 1 на Артемиот Франки, Го скандираа името на капитенот на Фиорентина кој лани почина во сон.
Со пресврт за 3 минути во второ полувреме, Фиорентина во неделата стигна до многу важни 3 бода на гостувањето против Џенова во борбата за место во ЛЕ. Поминаа два месеци откако Виолетовите се без својот капитен, незаменливиот капитен на кој му ја посветуваат секоја победа. Соблекувалната грмеше, а со нив и тренерот Пиоли.
Капитенот на Фиорентина Давиде Астори го пронајдоа мртов во хотелот La di Moret при гостувањето на екипата во Удине. Причина за смртта била брадиаритмија. Давиде почина на 4. март. По неговата смрт неколку играчи на Фиорентина го истетовираа неговото име а сега тоа го стори и тренерот Стефано Пиоли.
Од трагичниот ден за Фиренца, тимот од овој град врза 5 победи по ред. Фудбалерите како да имаат некоја посебна мотивација и енергија која им ја дава другарот за кој ја оставаат и последната капка пот и на тренинзи и на натпревари. Сега тие мислат на него, како што тој мислеше на сите нив.
Фудбалскиот клуб Перуџа соопшти дека претседателот на клубот го отпуштил Франческо Бирколоти којшто направил неколку големи гафови за време на мечот со Бреша.
Во цела Италија натпреварите почннуваа со едноминутен молк во чест на прерано починатиот капитен на Фиорентина. На дуелот Јуве - Удинезе во Торино, Буфон остана на клупата каде му се насолзија очите додека траеше молкот.
Тагата за раната смрт на Давиде Астори не завршува. Неговите соиграчи го одиграа првиот натпревар без својот капитен на кој го совладаа Беневенто со 1:0, а во моментот кога се играше минутата со број 13, која Астори ја носеше на својот грб се случи најемотивниот момент на сезоната. Како никој се уште да не може да дојде на себе по смртта на Давиде кој на 31 година ги напушти Виолетовите.
Колективната тага во Италија, особено во Фиренца за ненадејната смрт на Давиде Астори кулминираше на вчерашниот погреб. Ковчегот го извадија на плоштад, а навивачите на Фиорентина го поздравија капитенот на Фиорентина како што тоа го правеа на Артемио Франки.
Базиликата на Светиот Крст во Фиренца утрово била премала да ги прими сите кои дошле за последен пат да се поздрават со капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори.
Столбот на одбраната на Јувентус. како и секогаш беше еден од најдобрите поединци на мечот против Тотенхем кој го елиминираа во ЛШ со херојски пресврт. Но мислите по мечот му бегаа на следниот тежок ден.
Цела Италија, а и пошироко веќе трет ден тагува за капитенот на Фиорентина, но не бидејќи беше познат фудбалер, туку затоа што беше добар и млад човек, како и тазе татко кој не заслужи ваков крај. Фиорентина и Каљари го повлекоа неговиот дрес.
Поранешниот фудбалер на Фиорентина, Црногорецот Марко Бакиќ кој сега игра за Белененшеш во Португалија не го заборавил својот довчерашен капитен Астори. Синоќа на мечот против Виторија Гимараеш, Бакиќ во 70’ минута излезе од игра и го стигнаа тешки емоции за смртта на својот другар.
Рикардо Сапонара кој игра во средниот ред на Фиорентина на многу емотивен начин се прости од својот колега Давиде Астори кој почина ненадејно во неделата наутро во сон. „Врати се во Фиренца за да ти ја признаат добрината“, напиша Сапонара на Инстаграм.
Екипите на Џенова и Каљари веќе беа на загревање за средбата која им беше закажана во 12:30 часот, но кога стигна до нив шокантната информација за смртта на капитенот на Фиорентина не можеа да поверуваат и го напуштија теренот. Давиде Астори 8 сезони го носеше дресот на Каљари.
Италија и натаму е во шок и неверување по ненадејната смрт на лидерот на Фиорентина, стоперот Давиде Астори. Во текот на вчерашниот ден многу негови соиграчи и колеги спортисти се простуваа од него. Најтрогателна порака остави Џиџи Буфон кој ретко во јавноста зборува за личните односи со фудбалерите.
Денешните натпревари од Серија А и Серија Б се официјално одложени откако стигна шокантна вест од Удине каде требаше да гостува Фиорентина. 31 годишниот дефанзивец на Фиорентина, Давиде Астори умрел во сон, веројатно од срцев удар.