Со пресврт за 3 минути во второ полувреме, Фиорентина во неделата стигна до многу важни 3 бода на гостувањето против Џенова во борбата за место во ЛЕ. Поминаа два месеци откако Виолетовите се без својот капитен, незаменливиот капитен на кој му ја посветуваат секоја победа. Соблекувалната грмеше, а со нив и тренерот Пиоли.