Пораките на Буфон и Пандев до починатиот капитен на Фиорентина

Италија и натаму е во шок и неверување по ненадејната смрт на лидерот на Фиорентина, стоперот Давиде Астори. Во текот на вчерашниот ден многу негови соиграчи и колеги спортисти се простуваа од него. Најтрогателна порака остави Џиџи Буфон кој ретко во јавноста зборува за личните односи со фудбалерите.

„Здраво драг Асто, јавно тешко изразувам мислење за некој зошто отсекогаш сметав дека убавината и единственоста во односот, меѓусебната почит и срдечност, не треба да бидат искористени или фрлени од оној кој нема почит за нечиј однос. Во твојот случај, чувствуам дека треба направам исклучок од моето правило, зошто имаш млада сопруга и семејство кои патат, но пред сè твојата мала ќеркичка заслужува да знае дека нејзиниот татко беше една НЕВЕРОЈАТНА ЛИЧНОСТ, МНОГУ ДОБРА ЛИЧНОСТ.... беше најдобриот израз на еден антички свет во кој вредностите како алтруизмот, елеганцијата, образованието и почитта кон ривалот беа дело на големците. Честитки навистина, беше една од најдобрите спортски фигури која што сум ја сретнал. Почивај во мир. Твојот луд Џиџи. 

 

Ciao caro Asto, difficilmente ho espresso pubblicamente un pensiero riguardo una persona, perché ho sempre lasciato che la bellezza e l'unicità di rapporti, di reciproca stima e affetto, non venissero strumentalizzati o gettati in pasto a chi non ha la delicatezza per rispettare certi legami. Nel tuo caso, sento di fare un'eccezione alla mia regola, perché hai una moglie giovane e dei familiari che staranno soffrendo,ma soprattutto la tua piccola bimba, merita di sapere che il suo papà era a tutti gli effetti una PERSONA PERBENE.....una GRANDE PERSONA PERBENE....eri l'espressione migliore di un mondo antico, superato, nel quale valori come l'altruismo, l'eleganza, l'educazione e il rispetto verso il prossimo, la facevano da padroni. Complimenti davvero, sei stata una delle migliori figure sportive nella quale mi sono imbattuto. R.I.P. Il tuo folle Gigi.

A post shared by Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) on

 На социјалните мрежи и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев се прости од Астори со фотографија:

Најдобриот италијански тенисер Фабио Фоњини откако ја примил наградата за освојување на турнирот во Сао Паоло се простил од својот добар пријател:

„Изгледаат како кажани зборови, но секој ден навистина е подарок. Шокиран сум од трагедијата на Астори. Сочувство до неговите најблиски“, напиша најдобриот италијански кошаркар Луиџи Датоме на Твитер.

Фиренца и навивачите на Фиорентина се во шок

Антонио Конте после дербито Манчестер Сити - Челси:

 

5 март 2018 - 09:27