Фиорентина игра како да им е последен меч во животот

Од трагичниот ден за Фиренца, тимот од овој град врза 5 победи по ред. Фудбалерите како да имаат некоја посебна мотивација и енергија која им ја дава другарот за кој ја оставаат и последната капка пот и на тренинзи и на натпревари. Сега тие мислат на него, како што тој мислеше на сите нив.

На 25 февруари Фиорентина го совлада Киево со 1:0. Тоа беше последниот меч во животот на Давиде Астори и првиот од серијата на Фиорентина која е непобедлива на 6 средби во низа во Серија А. Подвиг кој последен пат им успеал во 1960-та година.
 
Капитенот на Фиорентина почина во сон на 4 март и ја шокираше фудбалската јавноста, а од тогаш Виолетовите газат. На домашен терен ги совладаа Беневенто (1:0) и Кротоне (2:0), а на гости Торино (1:2), Удинезе (0:2) и Рома (0:2).
 
Фудбалските резултати се тривијални работи во однос на загубен живот и тие нема за жал да донесат големо задоволство во семејството на Астори, неговата сопруга и неговата две годишна ќерка.
 
Или пак кај луѓето кои секојдневно работеле со него. Сепак нема сомнеж дека во главите на играчите и стручниот штаб на Фиорентина се врти мислење дека оваа серија се должи многу на неговото влијание.
По триумфот над Удинезе тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли изјави:
„После трагедијата нашиот тим се повлече заедно. Овие момци покажаа невообичаена сила во начинот на кој го пренесоа делото што ни го остави Давиде“.
Подолготрајна рефлексија од тој ден имаше кај Рикардо Сапонара чиј пријател не успеа да се појави на појадок на тој кобен 4-ти март, а скршениот Сапонара беше еден од оние кој требаше да ја прошири веста.
„Ако тоа се случеше на терен кога срцето е под стрес можеби би го прифатил. Но овој начин а тежок. Понекогаш кога ќе споменеме што се случило сè уште се чувствува како табу тема. Ние ја чуваме болката затворена во нас. Решивме да продолжиме напред и добро го правиме тоа, но се чини секој од нас исто така се плаши да не се повтори тоа страдање“, вели плејмејкерот на Фиорентина.
Стрелец на вториот гол во саботата против Рома која делуваше фрустрирачки што не постигна гол од вкупно 25 удари, беше Џовани Симеоне, синот на Чоло.
„Ние останавме обединети преку тешкотиите со кои се соочивме. И ова е нешто што ви дава сила. После секој тренинг никој не сака да си оди дома, бидејќи само тоа е единствен начин да не размислувате за она што се случило“, вели 22 годишниот напаѓач
Само играчите на Фиорентина можат целосно да разберат како ја доживеале оваа трагедија. Ние како набљудувачи, аспектите кои се највидливи за нас се оние извонредни резултати на теренот. Виолетовите и без суспендираниот Федерико Киеза и повредениот капитен Милан Бадељ играат безмилосно.
 
Сега се искачија на седмата позиција на табела на само 2 бода до Милан, односно местото кое води во Лига Европа.
 
Околу 500 навивачи на Фиорентина ги чекаа своите победници од гостувањето во Рим и го скандираа името на Астори.
„Понекогаш ќе ми пишеше порака на WhatsApp за да ме охрабри пред некој меч. Наместо да слуша музика со слушалки на ушите како што прават другите, тој беше зафатен бидејќи размислуваше за другите. И сега сите ние мислиме на него“, вели Сапонара

10 април 2018 - 11:05