Никогаш потажна не била 13-та минута на Артемио Франки

Тагата за раната смрт на Давиде Астори не завршува. Неговите соиграчи го одиграа првиот натпревар без својот капитен на кој го совладаа Беневенто со 1:0, а во моментот кога се играше минутата со број 13, која Астори ја носеше на својот грб се случи најемотивниот момент на сезоната. Како никој се уште да не може да дојде на себе по смртта на Давиде кој на 31 година ги напушти Виолетовите.

 

12 март 2018 - 08:59