Изјавата на Кјелини за Астори

Столбот на одбраната на Јувентус. како и секогаш беше еден од најдобрите поединци на мечот против Тотенхем кој го елиминираа во ЛШ со херојски пресврт. Но мислите по мечот му бегаа на следниот тежок ден. 

По големиот гостински триумф против Тотенхем од 1:2, Џорџо Кјелини изјави:
„Уживавме во победата до полноќ, но утре ќе имаме тежок ден бидејќи ќе одиме да го поздравиме нашиот пријател.
 
Животот за жал за нас продолжува, имаме многу работи на кои треба да мислиме, но кога ќе ги затворите очите, ќе си го видите детето и ќе помислите на тоа што се случи, станува тешко да се прифати.
 
Ми изгледа безцелно да му ја посветиме победата, затоа што победата не е ништо. Се надевам дека ќе го продолжам тоа што беше Давиде за нас во националниот тим.
 
Тој беше многу поважен отколку неговите настапи и новите играчи во репрезентација треба да го следат неговиот пример.
 
Ако има надеж за повторно раѓање, тој би бил истиот. Едноставно душа човек“.
8 март 2018 - 10:45